Корејците се струја, за 25 минути купија 66 илјади билети за гостувањето на Тотенхем

Тотенхем и Премиер лигата се вистински магнет за навивачите ширум светот, а доказ е експресната реакција на фудбалските симпатизери кои купија 66 илјади билети само за 25 минути за гостувањето на Спарс и мечот против дримтимот на корејската лига.

Тотенхем е посебно привлечен за Јужнокорејците бидејќи во тимот е и најдобриот стрелец во Премиер лигата, Хеунг-мин Сон, кој е главна фудбалска ѕвезда на Јужна Кореја.

- Оглас -

Најнови вести