Кореографијата во Тирана ќе ги разгоре страстите на Балканот: Карта со таканаречена голема Албанија и дадено ветување (Фото)

Албанија во Тирана загуби од Израел со 1:2, иако домаќините имаа предност по првите 45 минути. Освен трите голови, дуелот го одбележа и кореографијата која ја подготвија домашните навивачи пред почетокот на мечот, пренесува тамошниот портал panorama.com.al.

Кога започна да се интонира албанската химна, на една од трибините беше истакната контроверзна кореографија. Тоа беше карикатура на која Албанец гледа телевизија на која беше истакната мапа со карта на таканаречена  Голема Албанија во која има делови од сегашна Македонија, Србија, Црна Гора и Грција. На кореографијата имаше испишано и „United state of Albania“, а на една парола пишуваше „Беса, беса, дадов беса“, што значи цврсто ветување за реализација на таа идеја.

- Оглас -

Најнови вести