Кормие после ќотекот од Миочиќ, не може да гледа со левото око

Борецот Даниел Кормие после синоќешниот пораз од Стипе Миочиќ во битката за титула во тешка категорија, на 41 година ја заврши својата кариера во УФЦ, рече дека имал голем проблем со левото око. Пред крајот на третата рунда, Хрватот го удри Кормие со прст во око, а судијата не го виде тоа. Претходно и Кормие имаше неколку нечисти удари кои не се дозволени.

„Примив удар со прст во око, видете ми го окото. Од третата рунда па до крајот, не гледав ништо. Не гледам ништо со левото око, потполн мрак, само црнило. Ова ми е последна борба, имав долга кариера“ – рече Кормие кој еднаш го победи Миочиќ, а двапати загуби од него во трите меѓусебни битки.

- Оглас -

Најнови вести