Корне чекаше цела вечност за гренслем-четвртфинале, па се расплака од радост (Видео)

Француската тенисерка Ализ Корне конечно успеа по 62 неуспешни обиди да се пласира во четвртфинале на гренслем-турнир, а по победата против Симона Халеп се расплака од радост.

Корне направи подвиг во три сета и ја елиминира големата фаворитка, а потоа во интервју со Јелена Докиќ се потсети на големата шанса во 2009 година, кога Корне требаше да игра токму против Докиќ на Отвореното првенство на Австралија, но испадна во четвртото коло.

https://twitter.com/AustralianOpen/status/1485497513746571264?s=20

Корне сега конечно успеа да се најде во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија и ќе игра против Американката Колинс за подвиг и за настап во самата завршница на првиот гренслем во сезоната.

 

- Оглас -

Најнови вести