Корона-вирусот му нанесе нова трагедија на Шапекоенсе

Бразилскиот второлигаш Шапекоенсе е обоен во црно по новата трагедија. Поради компликации предизвикани од корона-вирусот, на 58 години почина клупскиот претседател Пауло Рикардо Магро.

По четири години од авионската несреќа во која животот го загубија 71 лице од 77 патници, односно Шапекоенсе ја загуби речиси целата екипа, следуваше оваа трагедија.

Магро го презеде клубот во 2019 година, по што екипата бележеше одлични резултати и се најде во ситуација да биде пред враќање во бразилската елита.

- Оглас -

Најнови вести