Корона-вирусот се врати и во Премиер лигата!

Во изминатите седум дена, во Премиер лигата беа направени 1.595 тестирања меѓу фудбалерите и членовите на стручните штабови, од кои 10-мина се потврдиле позитивни на ковид-19.

Три рунди на тестирања биле направени од 21 до 27 септември, а со позитивните случаи веќе се преземени потребните мерки против понатамошно ширење на вирусот.

Заразените лица се изолирани и ќе поминат најмалку 10 дена во карантин. Ова е сосема контролиран случај од страна на Англиската асоцијација, за разлика од масовното ширење на вирусот во редовите на калчолигашот Џенова, од каде што стигна потврда пред околу еден час.

- Оглас -

Најнови вести