Седма рунда им е корона-брејкот – Бундеслигата имала и подолги паузи, рекорд е 77 дена

Бундеслигата ќе се врати на сцената точно по 66 дена пауза со натпреварите од 26-тото коло, што ќе се играат во сабота, недела и понеделник, а интересно е што иако изгледа дека тоа е најдолгиот период во германското првенство без фудбал, сепак корона-паузата не е ниту во Топ-5.

Германците најдолго беа без фудбал во сезоните 1986/87 и во 1988/89, кога во зимската пауза не се играше фудбал во Бундеслигата точно 77 дена.

И интересно е тоа што стартот по толку долгите паузи, беше зачинет со ултраефикасни мечеви, па во првиот случај во меч од тогашното 18-то коло Фортуна Диселдорф и Ајнтрахт ремизираа во меч со шест гола, 3:3, а само две сезони подоцна уште поефикасни беа играчите на Нирнберг и Сент Паули во меч што заврши со победа на Баварците од 5:3.

Уште во четири случаи германскиот фудбал беше во лер подолго од сега и во сите се работеше за предолгата зимска пауза меѓу двата дела од сезоната.

Во 1987/88 цели 73 дена немаше натпревари меѓу есенскиот и пролетниот дел на сезоната, а имаше и две паузи од по 69 дена.

Пандемијата со ковид-19 предизвика застој од 66 дена и е на седмото место со ситуации во кои Бундеслигата најдолго била во мирување, но и прва што предизвикала принудно прекинување на мечевите.

Последниот меч што се одигра сезонава е меѓу Боусија Менхенгладбах и Келн на 11 март, а го добија домаќините со 2:1. Оттогаш не се игра фудбал во Германија, но рестартирањето е закажано за во сабота, со пет меча што ќе се играат од 15.30 часот, меѓу нив и големото дерби на Рур меѓу Борусија и Шалке 04 во Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести