Коронавирусот не е совладан, пандемијата се уште беснее на одредени делови на земјината топка, а загрозени се и спортистите.
Во Мексико, претставниците на Круз Азул објавија дека во нивното фудбалско семејство има дури 22 случаи со симптоми на опасниот вирус.
Осум од нив со позитивните тестови на Ковид-19 се дел од машкиот фудбалски тим, а речиси двојно повеќе или вкупно14 има во женскиот состав на познатиот мексикански клуб.
Комплетниот фудбалски погон на мажите и на дамите се наоѓа на подготовки, а објавено е дека сите со позитивни тестови ќе бидат вратени во Сиудад де Мексико, од каде е Круз Азул.
Мексиканското првенство е прекинато во ситуација кога машкиот клуб беше лидер и шампион не е прогласен, но Круза Азул ќе има шанса да игра во Лигата на шампионите на Конкакаф зоната.