Коронавирусот го одложи и отворањето на премиерлигашката Куќа на славните

Куќата на славните на Премиер лигата требаше да се отвори за два дена, на 19 март, меѓутоа настанот е одложен поради пандемијата со Кононавирусот. Како што е веќе познато, и сезоната во ПЛ е суспендирана до почетокот на април, меѓутоа тешко дека ќе се врати на програмата според првичниот план.

Во четврток требаше да бидат претставени првите двајца членови во Куќата на славните, а според шпекулациите, Рајан Гигс и Алан Ширер ќе ја имаа честа да бидат првите легендарни фудбалери кои влегуваат во Куќата. Ширер е играчот со најмногу постигнати погодоци во англискиот шампионат откако во 1992 година се преименува во Премиер лига, додека Гигс е човекот со најмногу асистенции во најелитното натпреварување на Островот.

Кога ситуацијата ќе се стабилизира, во изборот на Класата 2020 ќе учествуваат и навивачите со свои гласови за некој од нивните фаворити меѓу поранешните фудбалери. За да се биде меѓу бесмртните, потребно е фудбалерот да ја има завршено кариерата, додека на сите што ќе влезат ќе им бидат доделени и медали со годината во која влегле во Куќата на славните.

- Оглас -

Најнови вести