Корона-вирусот го покоси тимот, може да има одложување во Лигата на Европа

Дуелот од првото коло во групната фаза во Лигата на Европа меѓу Наполи и АЗ Алкмар може да се одложи откако гостинскиот клуб пријави голем број заразени фудбалери со корона-вирусот. Иако од УЕФА најавија дека ќе инсистираат да се играат сите мечеви и дека е можно да има голем број регистрирања на резултати од 3:0 доколку некој клуб не може да настапи, средбата во Неапол која треба да се игра в четврток може да се одложи и да се одигра во некој друг термин.

Засега деветмина фудбалери на АЗ Алкмар се позитивни на опасниот вирус и тешко дека ќе ги имаат потребните 13-мина играчи за настап во Неапол. Дури и општинските власти во Неапол побараа дуелот да не се игра кога гостите што треба да допатуваат имаат толку голем број заразени во своите редови.

 

- Оглас -

Најнови вести