Корона-вирусот станува сè појак: Одложен еден вечерашен меч од Лигата на нациите

Натпреварот меѓу Швајцарија и Украина во рамките од последното коло во Лигата на нациите нема да се игра. Двете селекции немаат шанса за пласман на првата позиција во групата, но ова беше средба на која требаше да се одлучи кој ќе испадне од Сегментот А.

Украинците во последниве неколку дена пријавија повеќе заразени фудбалери, а откако денеска се потврди дека имаат уште три нови случаи, УЕФА реши дека од безбедносни причини треба да се одложи.

- Оглас -

Најнови вести