Коронавирусот „влезе“ и во тимот на Македонија Ѓорче Петров

Двајца фудбалери на екипата на Македонија Ѓорче Петров се инфицирани од Коронавирусот, информираа од таборот на некогашниот фудбалски првак на својата фејсбук страница. Тимот од Ѓорче Петров информираше дека двајцата фудбалери се во домашни услови и се во добра состојба и не чувствуваат никакви симптоми во изминативе неколку денови.

Поради новонастанатата ситуација Македонија ЃП ги одлоѓи двата пријателски мечеви кои требаа да се играат деновиве. Планот беше утре да се стартува со контролни мечеви и тоа против Работнички, додека дуелот против Академија Пандев требаше да биде на 14 јули.

Според планот, следната недела е планирано повторно тестирање на сите во клубот, а потоа да се продолжи со планираните активности.

- Оглас -

Најнови вести