Корона-вирусот „влезе“ во женската фудбалска репрезентација на Македонија

Седум фудбалерки од македонската женска репрезентација добија позитивни резултати од првиот скрининг тест на корона-вирусот. Без никакви симптоми на опасниот вирус, во самоизолација се две фудбалерки од Каменица Саса и пет фудбалерки од Тиверија.

Составот на македонската женска репрезентација заедно со стручниот штаб и луѓето кои се вклучени во работата на селекцијата пред почеток на подготовките за натпреварот со Франција имаа тестирање за присуство на корона-вирусот. Сите членови на тимот беа во изолација и немаа меѓусебен контакт до добивањето на резултатите.

Селекторот на репрезентацијата, Кирил Изов, беше принуден да прави дополнување на играчкиот кадар за натпреварот со Франција, па дополнително се повикани Сара Коларовска (ЖФК Скопје 2014), Афродита Салихи (ЖФК Скопје 2014), Драгана Гегова (ЖФК Скопје 2014), Елена Петровска (ЖФК Скопје 2014), Сара Хусеин (ЖФК СЦ Истатов) и Ана Милчевска (ЖФК СЦ Истатов).

Резултатите од вториот тест за присуство на вирусот се негативни за сите репрезентативки и членови на женската репрезентација. Натпреварот меѓу Македонија и Франција се игра утре, на Националната арена „Тодор Проески“ во 21:00 часот. Директен пренос ќе врши МРТ 3.

- Оглас -

Најнови вести