Продолжува кошаркарската бајка на Хансен Енмануел, момче од Доминиканската Република кое игра колеџ-кошарка во САД иако има само една рака!
Енмануел, кој има 18 години, успеа да ги запише своите први поени во дресот на Универзитетот Нортверстерн стејт и приреди атракција која ја крена публиката на нозе.
Енмануел како 6-годишно дете ја има загубено левата рака (ампутирана му е откако врз него паднал бетонски ѕид и тетивите му биле смачкани).
Тој на мечот постигна пет поени (две забивања и едно слободно фрлање), а играјќи само со десна рака, им пркоси на законите. Тешко му е да шутира само со една рака, погоди едно од петте слободни фрлања, но одлично забива и ова што го прави на терените е подвиг.
https://twitter.com/i/status/1601723325650182148