Кошаркарите на Реал во Милано со маски, гелови и покриени уши

Кошаркарите на Реал Мадрид денеска стигнаа во Милано, каде што вечерва без присуство на публика и новинари во салата, ќе одиграат меч од Евролигата против Армани. Според фотографиите кои самите играчи ги објавија на социјалните мрежи, се гледа дека целосно се почитувани препораките и исто како фудбалерите на Лудогорец, кои се појавија маскирани во Милано, тоа се случи и со кошаркарите на Кралскиот клуб.

Маски на лицето, покриени уши и дезинфекциски гелови беа во опремата на Реал како заштита од можна зараза од Коронавирусот.

Вечерва во Евролигата се играат уште неколку натпревари, а Sport Life ви нуди богата понуда на игри. Можете да погодувате и кои кошаркари колку поени ќе постигнат. Што се однесува до мечот во Милано, на менито за типување ви се: Мицов, Недовиќ, Скола и Родригез од Армани, а Кампацо, Керол, Таварес и Томпкинс од Реал.

- Оглас -

Најнови вести