Кошаркарите на Улм за првпат се шампиони на Германија, Барселона поведе во кошаркарското Ел Класико

Кошаркарите на Улм се нови шампиони на Германија.

Ова е прва историска титула за Улм, кој регуларниот дел од сезоната го заврши на седмото место, но одигра фантастично во плејофот. Прво во четвртфиналето го елиминира бранителот на титулата, тимот на Алба со 3-1 во победи, а потоа во полуфиналето беше подобар од уште еден тим кој играше во Евролигата, Баерн Минхен со чисти 3-0 во победи.

https://twitter.com/BasketNews_com/status/1669807251920502785?s=20

Улм во финалето беше подобар од Бон со 3-1 во победи, а последниот триумф кој им ја донесе историската титула беше остварен пред своите гледачи со 74:70.Бразилецот Јаго дос Сантос со 25 поени беше најдобар кај новиот шампион, додека во редовите на Бон, најдобар беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс со 19 поени.

Во финалето на плејофот во шпанскиот шампионат, Барселона поведе против големиот ривал Реал Мадрид откако вечерва славеше со 97:88.

Барселона беше подобра во неизвесната завршница, а згора на тоа сите клучни играчи постигнаа двоцифрен број на поени. Најефикасни беа Рокас Јокубаитис со 17 поени, Никола Миротиќ и Шертач Шанчи дадоа по 16, Саторански даде 11, а Абринес, Да Силва и Весели дадоа по 10. Кај Реал Мадрид, Серхио Родригес беше најдобар со 16 постигнати поени.

- Оглас -

Најнови вести