Кошаркарите одмараат, затоа хокејот преовладува во Полноќниот експрес

8201 Бостон бруинс – Вашингтон капитолс (01ч)

Вашингтон со серијата од четири победи го презеде врвот во Источната дивизија и како втор најефикасен гостински тим оди во Масачусетс каде што го чека дерби против Бостон. Бруинс дома добија пет од вкупно седум меча, меѓутоа со не толку добра форма ќе се обиде да го спречи налетот на Капитолс.

Минатите меѓусебни дуели на овие две екипи гарантираат дека во „ТД гарден“ ќе се полнат мрежите, а Бостон воедно треба да се реваншира за поразот од Вашингтон од претходната ноќ.

Предлот тип: >5,5 погодоци (1.55)

 

8404 Чикаго блекхокс – Тампа беј лајтнинг (02ч)

Актуелниот шампион е во страшна серија од шест победи и многу веројатно ќе продолжи со тоа темпо и по гоствувањето кај Чикаго. Блекхокс се во тесна битка да бидат една од четирите екипи од Централната дивизија за пласман во плејофот, но во последно време немаат најдено начин за позитивен резултат против Грмотевиците.

Тампа беј доби четири од последните пет меѓусебни дуели во кои просечно постигнуваше по четири гола, учинок кој и ноќеска ќе треба гостите да го повторат за да ја одржат низата без пораз.

Предлот тип: 2 (1.80)

 

8407 Колорадо аваланш – Анахејм дакс (03ч)

Патките се во голема криза и се очекува да капитулираат во Колорадо. Тимот од Анахејм нема да може да се спаси од Лавината која постепено го подобрува учинокот и по гостинскиот убедлив триумф над Сан Хосе, ќе сака да го одбрани и домашниот терен.

Нема да биде изненадување доколку резултатот е нерешен по три периоди игра, бидејќи Колорадо и Анахејм во дополнително време се решаваа во два од последните пет меѓусебни меча. Пред повеќе од еден месец Анахејм триумфираше со 3-1, што значи дека Колорадо оди на реванш.

Предлог тип: X полувреме (2.80)

 

8408 ЛА кингс – Сент Луис блуз (03ч)

На Кралевите нема да им се допадне блузот кој ноќеска ќе го отсвират хокеарите на Сент Луис, кои се во подем со три врзани победи и го следат чекорот со водечкиот Вегас во Западната дивизија.

Иако на последните два меѓусебни дуели не се постигнаа повеќе од три гола, Кингс и Сент Луис негуваат долга историја на мечеви во кои ефикасноста се истакнувала максимално, па затоа во „Стејплс центарот“ се очекува нова голеада.

Предлог тип: >5,5 погодоци (1.80)

 

8410 Сан Хозе шаркс – Вегас голден најтс (04:30ч)

Колку што Златните витези играат добро во последно време, толку Ајкулите го загубија предаторското сетило. Тимот од Сан Хозе не е опасен како порано и се наоѓа на претпоследното место во Западната дивизија, додека Вегас како лидер е голем фаворит во овој дуел.

Дека гостите ќе слават вечерва, потврдува фактот што Вегас ги доби последните четири гостувања во Сан Хозе и тоа со два или повеќе гола разлика.

Предлог тип: 2 & 5+ (2.25)

- Оглас -

Најнови вести