Кошаркарската репрезентација на Македонија го одработи официјалниот тренинг во Арената во Клаипеда каде утре ќе има нов дуел против големиот фаворит Литванија.
Сега во ростерот на селекторот Александар Јончевски ќе биде и нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ кој се приклучи и доби дозвола од Армани Милано да го одигра вториот дуел против Литванците.
Можат ли избраниците на Јончевски до сензација на гостински терен против Литванија? Иако загубија со двоцифрена разлика на првиот меч во Скопје, сепак, играта во завршницата од дуелот влева оптимизам дека Македонија може да биде многу поконкурентна на реваншот, посебно кога ќе го има и Ненад Димитријевиќ во составот.