Кошаркарките на Лос Анџелес силно ќе тргнат против Конектикат

Конектикат сан – Лос Анџелес спаркс (кошарка, ВНБА-лига, 00.30 часот)

Конектикат го доби првиот меч со 84-75, со што на Искрите им ја прекина низата од четири победи по ред. Сонцата имаат многу позитивна традиција кога станува збор за домашните пресметки со Лос Анџелес. Спаркс две години не победиле во Монтвил, губеа на последните пет гостувања таму. Лос Анџелес беше најдобар тим на Западот во регуларната сезона и не е без шанси. Ви предлагаме да играте дека гостинскиот тим ќе ја добие првата четвртина.

Предлог тип: 2 во Q1 (2.05)

 

Вашингтон мистикс – Лас Вегас ејсис (кошарка, ВНБА-лига, 02.30 часот)

Вашингтон води со 1-0 во оваа серија и важи за фаворит и на втората пресметка. Мистикс имаат само еден пораз на последните десет натпревари, а „асовите“ од Лас Вегас во првиот дуел ги добија со тесни 97-95. Вашингтон беше најдобар тим во регуларната сезона, беа единствен тим со едноцифрен број порази и сигурно одат кон големото финале, но последниот пораз дома го претрпеа во јули, токму од тимот од Градот на гревовите.

Предлог тип: >176.50 (1.90)

 

Џексонвил јагуарс – Тенеси тајтанс (американски фудбал, НФЛ-лига, 02.20 часот)

Јагуарите сезонава ја стартуваа со два порази, па можеби во третиот обид ќе им се посреќи да дојдат до првата победа. Титаните имаат 1-1 и немаат којзнае каков притисок пред ова гостување, што може да биде нивна предност. Џексонвил уште нема победа во 2019 година, затоа и според квотите, блага предност им се дава на гостите од Тенеси. Плус тоа, Тенеси ги добиваше двете последни гостувања во Џексонвил на различен начин, еднаш со ефикасен напад, еднаш со цврста одбрана.

Предлог тип: Т1 <18.50 (2.00)

 

Чикаго кабс – Сент Луис кардиналс (бејзбол, МЛБ-лига, 01.15 часот)

Овој меч е шанса за славните Кабси да се вратат на победничките патеки откако ги загубија претходните два натпревари од Синсинати. Сент Луис игра променливо, но се наоѓа на третото место во својата лига, три позиции погоре од Чикаго. Кардиналите се една од омилените жртви на тимот од градот на ветерот. Кабс дома има низа од седум победи по ред против Кардиналс.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

Кливленд индијанс – Детроит тајгерс (бејзбол, МЛБ-лига, 01.10 часот)

Квотите од 1.28 за единица и 3.80 за двојка доволно покажуваат кој е фаворит на оваа пресметка. Индијанците имаат три победи по ред, а Детроит е последен на табелата во својата лига. Кливленд оди по својата десетта домашна победа едноподруго против Тигрите. Завчера домашните славеа со 7-2, а синоќа Детроит даде посилен отпор и загуби само со 1-2.

Предлог тип: >8.50 (1.80)

- Оглас -

Најнови вести