15.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Кошаркарот кој остана без бубрег играјќи за Србија конечно има нов клуб

Кошаркарот кој го загуби бубрегот играјќи за Србија на Светското првенство во Манила минатата година, Бориша Симаниќ, конечно по една година се врати на паркетот и веќе го одигра првиот натпревар. Симаниќ и официјално потпиша договор со екипата на Игокеа и ќе игра во Јадранската АБА-лига.

Симаниќ на натпреварот против Јужен Судан во еден дуел со Нуни Омот доби непријатен удар, по што мораше да му биде направена операција и да му биде отстранет едниот бубрег. Тој тогаш беше играч на Сарагоса од Шпанија, но по повредата мораше да биде надвор од кошарката дури една година.

Србинот веќе настапи на пријателскиот натпревар на Игокеа против Борац Бања Лука и покажа дека не заборавил да игра кошарка.

- Оглас -

Најнови вести