Кошаркарска „Еврофорија“: Ќе се најдат ли мажи да го симнат Реал од тронот?

Од утре кошаркарската Европа ќе биде фокусирана на збиднувањата во Виторија, Шпанија, каде што во „Фернандо Буеса арената“ ќе се одржи 19-тото издание на евролигашкиот фајнл фор откако најелитниот кошаркарски шампионат се игра во овој формат.

Меѓу полуфиналистите има едно изненадување – Анадолу Ефес. Турскиот тим ја шокираше Барселона со елиминацијата во четврт-финалето од разигрувањата, па заедно со Реал Мадрид, Фенербахче и ЦСКА Москва ќе бијат битка за континенталната круна. Од ланскиот фанјл фор недостасува само Жалгирис, останатите три гиганти веќе стануваат досадни со учествата на Ф4 завршниците.

Она што се знае е дека Реал Мадрид моментално владее со Европа, а дали ќе може да ја одбрани титулата или, пак, ќе имаме нов шампион, ќе се знае во претстојниот викенд.

Фенербахче – Анадолу Ефес (петок, 18 часот)

Фанјл фор турнирот значи дека сè се одлучува во еден натпревар. Нема реванш, па екипите немаат право на грешка. Прво и најосновно што треба да се напомене во пресрет на овој дуел е дека Жељко Обрадовиќ, тренерот на Фенербахче, ќе се појави на 18-тиот фанјл фор во својата кариера, во кој ќе се обиде да стигне до рекордна 10-та титула.

Турските ривали имаат безброј меѓусебни дуели низ историјата, но на еден Ф4 турнир за првпат ќе ги одмерат силите. Јасно е дека Фенер е фаворит, го имаат најтрофејниот тренер во историјата на европската кошарка, но и тим кој може да се закани на повеќе начини.

Гледајќи ги средбите само од оваа сезона (Евролига и турски шампионат), во петте дуели три победи се за Фенербахче, две за Анадолу, разликата ја прави финалето од Турскиот куп, кој припадна на Фенерите.

Она што не е во полза на Анадолу е дека се пласираа на Ф4 за првпат по 20 години пауза, односно првпат откако се игра во овој формат. Од нивното неискуство, Фенербахче може многу да профитира, па актуелниот вицешампион и трета година во низа да се бори за трофејот. Последен пат кога Фенербахче беше шампион (2017 година), во нивните редови беше и македонскиот великан Перо Антиќ, кој стигна до својата трета европска титула во кариерата.

Инаку, оваа година за првпат две турски екипи се пласираа на Ф4 завршницата.

ЦСКА Москва – Реал Мадрид (петок, 21 часот)

Актуелниот европски првак повторно ќе има иста задача како и лани, да ја совлада моќната ЦСКА и да игра ново финале. Реал на чело со Пабло Ласо ќе се обиде да стави уште една рецка во рекордните 10 титули, но и избраниците на Димитрис Итудис се жедни за пехар.

Во минатогодишното полуфинале Реал беше подобар со конечни 92:83, додека во овосезонските пресмети од регуларниот дел, ЦСКА во два наврати славеше триумф против Кралевите. Но, тие две средби не треба да се земат предвид бидејќи влогот сега е многу поголем – се игра за финале.

Во сезоната 2016/17 Реал и ЦСКА се бореа за третото место, а убедливо славеа „Армејците“ со 94:70.

Според коефициентите на Sport Life обложувалнициактуелниот шампион е за нијанса фаворит, но се очекува битка до последна капка пот, до последна стотинка од средбата.

Финалето е предвидено за во недела, додека во истиот ден претходно ќе се игра за третото место, односно бронзениот медал.

Сите корисници кои се дел од Sport Llife клуб, со собирање поени може да земат кошаркарска топка преку Sport Life маркетот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести