Кошаркарски земјотрес во најава, Миротиќ се договори со Партизан

Кошаркарот на Барселона, Никола Миротиќ се договори во шампионот на АБА-лигата, Партизан, објави Радио телевизија Србија.

Според РТС и српски „Телеграф“, Миториќ ќе потпише договор со Партизан на една плус една година.

Официјална потврда на трансферот сè уште нема бидејќи прво Миротиќ треба да го раскине договорот со Барселона која наводно е подготвена да му понуди 15 милиони евра за предвремен крај на соработката.

Наводно, одлучувачки момент за Миротиќ да одлучи да потпише за Партизан бил разговорот со тренерот на Црно-белите, Жељко Обрадовиќ.

Партизан летово ги продолжи договорите со Зек Ледеј и Кевин Пантер, а нови играчи на Црно-белите се Матеуш Понитка и Огњен Јарамаз, додека со Миротиќ, тимот би бил сериозен конкурент за пласман на завршниот фајналфор турнир во Евролигата.

- Оглас -

Најнови вести