Кошаркарскиот куп одложен, не се знае за кога!

Трагичната сообраќајна несреќа која синоќа ја зави Македонија во црно и во која 14 лица го загубија животот, меѓу кои и кошаркар од клубот Гостивар, е причината поради која Македонската кошаркарска федерација во согласност со организаторот донесе одлука да го одложи завршниот турнир од Купот на Македонија кој требаше да се одигра викендов. За утре беа закажани четвртфиналните мечеви, но во државава прогласен е Ден на жалост, а и гостиварци ,кои загубија свој член, рекоа дека нема шанса да играат.

Планот на МКФ беше завршниот турнир да се одигра на 12-ти 13-ти и 14-ти април, но одлуката ќе се донесе дополнително.

МКФ упати и искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите.

- Оглас -

Најнови вести