Кошчелни си замина во Бордо, Арсенал сака да го замени капитенот со негов сонародник

Арсенал го продаде капитенот Лоран Кошчелни во Бордо, а ќе го замени на стоперската позиција со Дајот Упамекано. Таква најава има од британските медиуми. Популарните топчии ако се оствари трансферот ќе продолжат со ангажман на француски фудбалери, нешто што е стана вообичаена пракса во новиот милениум.

Упамекано е член на Бундеслигашот Лајпциг, има само 20 години и ги мина сите младински селекции на Франција. Му недостасува само настап за актуелните светски прваци, односно за А репрезентацијата на Франција.

Арсенал испрати понуда до Лајциг, но првично Бундеслигашот побара огромни 70 милиони евра како отштета за одличниот 20-годишен стопер.

Клубот од Лондон потроши голема сума за ангажман на Николас Пепе, па се надева дека Лајпциг ќе ја намали цената за Упамекано, играч, кој сака да игра за Арсенал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести