Фурние се посрамоти, имаше шут 0/10 на дебито во дресот на Селтикс (Видео)

Францускиот кошаркар Еван Фурние дојде во Бостон селтикс за да ја подобри ефикасноста на тимот, но имаше кошмарно деби во дресот на Келтите бидејќи за 33 минути игра против Њу Орлеанс пеликанс, не даде кош и ги утна сите 10 обиди од поле. Фурние имаше пет обиди за тројка и пет шута за два поени, но не погоди ниту еднаш.

Фурние стана само четвртиот кошаркар во историјата на НБА кој на првиот меч за нов клуб имал десет утки, без погодок. Досега не се случило некој играч на Бостон за 33 минути на терен да не даде кош, а да има барем десет шута. Додека тој беше на теренот, во тие 33 минути противниците дадоа 12 поени повеќе.

- Оглас -

Најнови вести