Кошмарно деби за Игуаин во Интер Мајами: Го изведе најлошиот пенал во кариера, па сакаше да се тепа (Видео)

По речиси 15 години играње во најсилните лиги во Европа, Гонзало Игуаин си замина во САД за да го носи дресот на Интер Мајами. Аргентинскиот напаѓач утрово го имаше дебито за новиот клуб и не се прослави. Филаделфија со 3:0 го победи Интер, а Игуаин беше еден од трагичарите во составот на гостите.

Во 75-тата минута, при водство на Филаделфија од 2:0, Интер Мајами доби пенал, а Игуаин ја презеде одговорноста да го изведе ударот од белата точка. Аргентинецот кој во кариерата има дадено над 300 погодоци, се посрамоти. Наместо да ја затресе мрежата на противникот, силно ја рогна топката над голот.

Промашувањето на Игуаин почнаа да го слават домашните фудбалери, па Игуаин влезе во конфликт со неколкумина од нив, но, за среќа, не се создаде посериозен инцидент.

- Оглас -

Најнови вести