Кошмарно ЕП за Мората: Не спиев по мечот против Полска, жена ми добива закани

Алваро Мората, напаѓачот на Шпанија, се пожали на медиумите дека добива смртни закани и во најмала рака навреди кон него и неговото семејство за серијата промашувања на Европското првенство.

Мората откри дека имал проблеми со спиењето по дуелот против Полска, во кој имаше златна шанса да донесе победа за Фуријата во финишот, но на крајот двете селекции делеа по бод во ремито од 1-1.

„Знам дека има навивачи кои сметаат дека не си ја вршам работата доволно добро. Ќе разберам критики за играта на моја сметка, но не и заканите кон моето семејство. Посакуваат смрт за мојата сопруга и детето. Не можев да спијам по мечот против Полска поради овие работи, би сакал тие што ми се закануваат барем еднаш да се стават во моја позиција, да разберат колку е лошо што ми посакуваат сè најлошо. Имам поддршка од соиграчите, не се грижам околу тоа дали сум доволно добар, само би сакал да го остават моето семејство на мир“, истакна Мората.

Шпанија во последното коло од групите со убедливи 5-0 против Словачка обезбеди пласман во осминафиналето, каде што на 28 јуни ќе се сретне со Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести