Нема полошо: Во дебито за новиот тим даде два автогола (Видео)

Маријан Сар имаше деби од кошмарите во дресот на Јена, во третата германска лига, а најмногу на тоа се радуваат играчите и навивачите на Инголштад. Во мечот од првото коло на новата сезона, Јена имаше предност со 1:0 благодарение на голот на Екард.
Сепак, до крајот на средбата се случи пресврт, и тоа најмногу благодарение на Сар. Играчот на Јена си даде автогол во 59-тата минута и Инголштад израмни на 1:1. Се играше 72-рата минута, кога гостите направија целосен пресврт, а повторно стрелец беше Сар, со уште еден автогол.
Во двете ситуации, топката беше нафрлена во шеснаесетникот на Јена, а Сар се наоѓаше на најлошото можно место и топката од неговото тело завршуваше во мрежата на домаќините.

- Оглас -

Најнови вести