Косоварот што ќе се убиеше од радост постигна страшен гол (Видео)

Бенџамин Колољи имаше многу среќа пред неполни две години кога во излив на радост пропадна во длабоката дупка пред трибините, трчајќи да ја сподели радоста со навивачите на Цирих на дуелот со АЕК Ларнака.

Репрезентативецот на Косово за среќа тогаш мина неповреден, а вечерва повторно блесна, но на поинаков начин.

Постигна вистински еврогол од слободен удар за Цирих против Јанг Бојс, со кој гостите по првото полувреме водат со 2:1.

https://www.youtube.com/watch?v=HGDPnnuNaR4

Колољи покажа дека има многу силен удар и на него ќе мора да се внимава на 8. октомври, кога Македонија ќе му биде домаќин на Косово во Скопје, во полуфиналето на Лигата на Нации.

Бенџамин е роден во Швајцарија, но игра за Косово и ќе им биде еден од адутите на гостите во октомври на националната арена во Скопје.

 

- Оглас -

Најнови вести