Косово беше добар домаќин, но Англија се покажа како „лош“ гостин (Видео)

Англија немаше милост и со 4:0 славеше во Приштина против Косово, во меч од последното коло во групата А од квалификациите за ЕП2020. Со овој триумф, Англија само ја потврди челната позиција со 21 бод од 8 меча, додека Косово остана на третото место на табелата со 11 освоени бодови.

Косово направи пречек кој ќе го памтат играчите на Гордиот Албион, а гостите посебно беа изненадени додека се интонираше химната на Англија пред почетокот на мечот. Ако Косовците се покажаа како добри домаќини, Англичаните на теренот покажаа дека се „лоши“ гости.

Фаворитот поведе со 1:0 со голот на Винкс во 32-рата минута, а Англија даде уште три погодоци во завршницата на дуелот. Хари Кејн зголеми на 2:0 во 79-тата минута, Рашфорд погоди за 3:0, а на крајот прецизен беше и играчот на Челзи, Моунт.

https://youtu.be/5hBqBvu_1EU

Во вториот меч од оваа група, Бугарија конечно победи, и тоа минимално со 1:0 против Чешка, која веќе имаше обезбедено пласман на ЕП и овој меч гостите го играа без посебен мотив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести