Косово е најкритично за квалификациите за СП 2022, никако не смее да игра против три репрезентации

Европската фудбалска федерација (УЕФА) на состанок на Извршниот комитет го одреди системот за квалификациите на Светското првенство кое во 2022 година ќе се игра во Катар. Мундијалот, кој ќе биде за две години, за првпат ќе се игра во зимски период, односно од 21 ноември до 18 декември.

Од Европа ќе има дури 13 претставници на завршницата, од кои 10 ќе одат директно како првопласирани во своите групи. Пет групи ќе има со по шест селекции, а пет групи ќе има со по пет национални тима. За преостанатите три места ќе се борат дури 12 репрезентации и тоа сите второпласирани од квалификациските групи и две селекции од Лигата на нациите.

Косово, кој е противникот на Македонија во баражот за пласман на Европското првенство 2020 година, никако не смее да се најде во иста група од квалификациите за СП 2022 со три селекции. Против Косово сигурно нема да играат Босна и Херцеговина, Србија и Русија. Уште неколку други парови се невозможни во квалификациите, а тоа се: Ерменија против Азербејџан, Гибралтар против Шпанија и Украина против Русија.

- Оглас -

Најнови вести