Косово на ЕП нема да смее да биде во група со три селекции

Репрезентацијата на Косово може да се најде на Европското првенство во фудбал ако ја надмине Чешка во својата квалификациска група, или ако ја освои Лигата Д од Лигата на нации, во која за противник во полуфиналето ја има Македонија.

Ако Косово се пласира на ЕП 2020, тогаш при ждрепката, нашите соседи нема да може да бидат во друштво со Србија, Русија, и БиХ. Причините се политички, и од безбедносен карактер. Не само на ЕП, Косово со Србија или Русија не може да игра една против друга ниту на други натпреварувања. И Русите не ја признаваат независноста на Косово.

Русија веќе е сигурен учесник на ЕП и во првата фаза ќе игра на свој терен во Санкт Петербург. Освен против Косово, Русија и руските клубови, се знае дека веќе пет години (откако Русите си го припоија кон себе Крим), при ждрепките не смеат да се паднат ниту со клубови од Украина или репрезентацијата на таа земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести