Косово поднесе тужба против Пикси во ФИФА

Фудбалската федерација на Косово поднесе тужба во Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) против селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, поради неговите коментари за време на натпреварот од третото коло во групната фаза на Мундијалот против Швајцарија.

Камерите го фатија Пикси како ги навредува и ги пцуе Албанците.

„Во текот на целиот натпревар се слушаше употреба на пароли со политички пораки и расистички повици до Албанците, а ги пренесоа и светските медиуми. Бесмислена е омразата која со години го подгрева мислењето во соседната земја кон албанскиот народ воопшто. ФФ на Косово бара од ФИФА истрага за овие случаи и санкции за ФФ на Србија за еднаш засекогаш да исчезнат фашистичките скандирања од фудбалските стадиони и настаните како што е Светското првенство“, пишува, меѓу другото, во соопштението на ФФ на Косово.

- Оглас -

Најнови вести