Сега ич нема да го сакате – Коста опасно се изрезили, со кашлање кажа што мисли за Коронавирусот (Видео)

Што мислите за опасноста од Коронавирусот, беше прашањето за Диего Коста по мечот меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид, а одговорот на шпицот на Јорганџиите и имитацијата со кашлање наиде на многу критики.

Коста притоа и се смееше неумесно заборавајќи дека има и доста жртви од глобалната епидемија. Неговата реакција не му доликува на професионален фудбалер што има доста успеси и е еден од најдобрите напаѓачи на планетата во последните 15-тина години.

Атлетико Мадрид успеа во драматичен меч со победа од 3:2 по продолженија да го елиминира актуелниот европски првак Ливерпул и да се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампионите, но Коста сигурно нема да се гордее со гестот што ги разочара љубителите на фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести