Коста знае каков тандем ќе биде со Суарес: Страшен, едниот ќе гризе, другиот ќе тепа

Диего Коста постигна еден гол, водечкиот за Атлетико Мадрид против Гранада, а во 70-тата минута му го препушти местото во нападот на Луис Суарес, кој даде два гола и имаше една асистенција во дебито за новиот клуб.

Одлична најава за нов страшен тандем во европскиот фудбал, ако Коста остане во Атлетико Мадрид.

„Би биле навистина добар тандем во нападот. Едниот ќе гризе, а другиот ќе ги тепа ривалите“, изјави Коста. Секако, со шеговита алузија на неколкуте чудни постапки и на Суарес, кој ги гризеше противниците, и за себе, како еден од најпргавите офанзивци во Европа, што честопати знае да избувне и да испровоцира кавга со противничките играчи.

Диего Симеоне сака да го доведе и Единсон Кавани, што би било фантастично за Атлетико, екипа која го има и големиот талент Жоао Феликс во офанзивниот дел, покрај Коста и Суарес.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести