Костадинов: Португалија игра поинаков фудбал од Италија, но ние треба да бидеме со иста желба и мотив да победиме

Тихо Костадинов исто како и Елиф Елмас поради суспензија не беше во македонскиот состав за дуелот против Италија, но е на располагање за средбата против Португалија во Порто. Костадинов знае дека сите кои ќе бидат на теренот ќе мора да го дадат максимумот и дека сите се свесни каква шанса е ова за нашата репрезентација.

„Сега сме на пола пат од баражот. Ја победивме Италија, на ред се уште 90 минути против Португалија. Ќе изгинеме и да се обидеме да го повториме тоа што го направивме во Палермо. Ова ќе биде малку поинаков меч од тој со Аѕурите. Италија е тим кој игра повеќе тимски, а Португалија игра повеќе на индивидуален квалитет. Ние ќе бидеме со иста желба и мотив, а и со доза на малку среќа да го оствариме тоа што треба. Психички и тактички да одиграме на највисоко ниво. Искрено верувам во овие момци. Кога ја победивме Италија, зошто да не го повториме тоа и во вторник“, вели Костадинов пред тргнувањето за Порто.

- Оглас -

Најнови вести