Костарика и Хаити ја поминаа групната фаза на Голд купот

Репрезентациите на Костарика и Хаити си обезбедија место во нокаут-фазата на Голд купот. Двете селекции имаат максимални шест бодови и се сигурни учесници за разигурување за трофејот.

Костарика потешко од очекуваното стигна до победа против Бермудските Острови. Фаворитот поведе со голот на Џорџ во третата минута, а во 54-тата зголеми на 2:0 со погодокот на Агилер. Противникот не се предаде и со погодокот на Велс од пенал во 59-тата минута, намали на 1:2. Сепак, Бермудските Острови немаа сили за изненадување и нивниот погодок на крајот се покажа само како почесен.

Хаити уште во првото полувреме ги реши сите дилеми околу победата над Никарагва. Сабат во 22-рата минута погоди за 1:0, а 10 минути подоцна, автогол си постигна Росас и тоа се покажа како доволно за Хаити да слави со 2:0 и да стигне до шест бодови. Во последното коло, Хаити и Костарика ќе играат за првото место во групата.

Вечерва на Голд купот ќе играат: Салвадор – Јамајка и Хондурас – Куракао.

 

- Оглас -

Најнови вести