Ковач: Премногу неточни додавања, Ајакс цел час играше подобро од нас

По ремито од 1-1 со Аугсбург и поразот од 2-0 од Херта, Баерн Минхен со вчерашниот нерешен резултат против Ајакс од 1-1 нанижа три меча на кои не успева да издвои триумф. Тренерoт на „баварците“, Нико Ковач, смета дека неговите фудбалери направиле премногу грешки, додека им дозволија на Ајакс да биде и повеќе од достоен противник, поради тоа заслужија да заминат со бод од „Алијанц арената“.

„Сакавме што побрзо да ја пренесеме топката на нивната половина и да се заканиме, но, наместо тоа, ниe направивме премногу неточни додавања и му дозволивме на Ајакс да креира шанса да ни даде гол. Им дадовме самодоверба, Ајакс беше подобар тим од 15-тата до 80-тата минута од средбата, поради тоа мора да го прифатиме овој бод. Овој  натпревар ќе го гледам уште неколку пати со мојот стручен кадар, да откриеме зошто нашата форма падна на последните неколку натпревари, додека игравме одлично на стартот од сезоната“, изјави Ковач.

- Оглас -

Најнови вести