Ковид-19 го одложи тренингот на Барселона, има два случаи со позитивен тест

Фудбалерите на Барселона не тренираа денеска претпладне од 11 часот, поради два случаи со позитивни наоди на корона-вирус.

Од клубот објавија дека нема ниту еден заразен фудбалер, а позитивни на Ковид-19 се двајца членови на помошниот персонал.

Наместо на тренинг пред утрешниот меч од Ла Лига против Атлетик Билбао, играчите и комплетниот стручен штаб на Каталонците заминаа на ново тестирање на корона-вирус.

Утре од 21 часот Барселона ќе го игра заостанатиот меч од второто коло во Ла Лига на „Сан Мамеш“ против Атлетик Билбао.

 

- Оглас -

Најнови вести