Ковид-комедија: Ѕвездите на Сиксерс го пропуштаат Ол-стар мечот поради нивниот фризер

Џоел Ембид и Бен Симонс ќе го пропуштат Ол-стар мечот кој ќе се игра ноќеска во два часот по полноќ во Атланта, поради што биле во контакт со позитивен на корона-вирусот. За да биде ситуацијата уште покомична, позитивниот кој бил во контакт со ѕвездите на Филаделфија е нивниот фризер.

Поради тоа кошаркарите на Сиксерс се отрстранети од програмата во Атланта, каде што ноќеска ќе се одржува главната пресметка меѓу најголемите ѕвезди од НБА, а претходно ќе се одржат натпреварувањата во забивање и тројки.

Ембид дефинитивно ќе биде несреќен бидејќи требаше да биде стартер на Ол-стар мечот, а на негово место сега ќе игра Зајон Вилијамсон од Њу Орлеанс пеликанс.

- Оглас -

Најнови вести