Ковид-масакр во НБА-лигата, одложени се пет натпревари

Омикрон сериозно удри по спортот и спортските натпревари, а особено големи проблеми има НБА-лигата, каде што сè почесто се одложуваат мечевите поради новиот сој на ковид-19.

Особено драматична е ситуцијата во таборот на Бруклин нетс и популарните Мрежички нема да ги играат следните два меча против Денвер нагетс и Вашингтон визардс.

Првиот меч требаше да се игра ноќеска, а против Вашингтон во среда наутро, но ќе бидат одиграни во некој друг термин.

Од програмата за ноќеска отпаднаа и дуелите меѓу Филаделфија 76 и Њу Орлеанс пеликанс и Атланта хоукс против Кливленд кавалирс.

Торонто и Орландо нема да играат меч што беше предвиден за во вторник по полноќ.

- Оглас -

Најнови вести