Кожув го шокираше МЗТ, Работнички се врати на врвот

Екипата на Кожув триумфираше во „Јане Сандански“ против МЗТ Скопје Аеродром со 91-80, приредувајќи го најголемото изненадување сезонава во првата кошаркарска лига на Македонија.

Гевгеличани го искористија фактот што „металците“ беа заморени (МЗТ играше и завчера) и со мислите насочени кон плејофот во втората АБА лига, па во првата четвртина на незаинтересираниот домаќин му дадоа 32 поени. МЗТ своето вистинско лице го покажа во вториот квартал, но во второто полувреме повторно гевгеличани беа подобри, и ги одбија сите обиди на МЗТ да направи пресврт. Домашните утнаа 14 слободни фрлања, од кои половината беа на Самарџиски.

Кожув со оваа голема победа, направи чекор кон пласман во суперлигата. Странците Кесар и Вилијамс беа творци на историскиот триумф, прв за Кожув во Аеродром на еден лигашки меч, а добар беше и некогашниот член на МЗТ, Караколев.

Подарокот од МЗТ, со задоволство го прифати Работнички, кој со победата во Кавадарци кај Фени индустри од 72-66, се врати на чело на табелата, со една победа повеќе од МЗТ и Блокотехна.

- Оглас -

Најнови вести