Кожув и без речиси цела петорка, како на тренинг во Чаир

Екипата на Кожув, со ефикасна игра и 121 постигнат поен против Шкупи, дојде до два бода во првата кошаркарска лига на Македонија. Гевгеличани и без неколку стартери (не играа Пековиќ, Мишковиќ, Луис и капитенот Апостолов) славеа со 121:87, а во сите четвртини даваа 26 или повеќе поени.

Кожув погоди 17 тројки, имаше 31 асистенции, 53 скока, и сето тоа придонесе за убедливиот триумф на гостувањето кај најслабиот тим во прволигашкото друштво. Ова не е најубедлив пораз на Шкупи сезонава.

Караколев со 29 поени и 12 скока, заедно со Нацевски (28 поени), Божинов (20 поени) и Митков (14 поени и 15 скока) беа четворицата творци на победата. Кај Шкупи, најдобри беа Богдановски со 26 поени и Цого со 10 поени и 10 скока. Кожув има скор 4-5, а Шкупи е на 0-9.

- Оглас -

Најнови вести