Крај и на првенството во кое прв стрелец беше македонскиот репрезентативец

Иван Тричковски имаше одлична сезона во шампионатот на Кипар и со 20 голови беше убедливо најдобар стрелец во лигата. Сепак, поради пандемијата со корона-вирусот, првенството во оваа земја нема да продолжи. На состанокот на клубовите е одлучено да се прогласи прекин, во кој нема да има прогласување на првак, но нема да има ни екипи кои ќе испаднат.

Вкупно 18 гласа биле за прекин на сезоната, а против оваа одлука гласале само Анортозис и АЕК Ларнака. Одлучено е наместо 12 екипи, следната сезона да се прошири и да има 14 клубови, па ќе има и промена на форматот. Наместо досегашниот плејоф-систем, ќе се игра класичен лигашки дел.

Со оваа одлука да не се доигра првенството, Кипар им се приклучи на Франција, Холандија, Белгија и Шкотска, кои дефинитивно прогласија прекин и нема да ја доиграат сезоната.

- Оглас -

Најнови вести