Крај на една ера: Брејди по две децении ги напушта Патриотите

Ангажманот уште не е официјален, но Том Брејди ги договорил условите со Тампа Беј баканирс. Не се познати сите детали околу соработката, но трофејниот квотербек би требало да заработува 30 милиони долари по сезона, што значи дека 42-годишниот Брејди ќе потпише повеќегодишен договор.

Со преселбата на Брејди на Флорида, завршува една фантастична ера која траеше цели две децении. Брејди го напушта тимот на Њу Ингланд пејтриотс, за кого играше 20 години откако го драфтуваа во 2000 година како 199-ти пик на драфтот.

Со малку среќа, Брејди за брзо стана ѕвезда на Патриотите и ги предводеше до шест Супебоул титули, додека во четири финалиња беше избран за најдобар играч. Трипати ја освои наградата за најкорисен играч во регуларната сезона, а името на Брејди стои и на многу рекорди во НФЛ-лигата.

Баканирс имаат една титула во НФЛ, освоена во 2003 година, додека од 2008 година не учествувале во разигрувањата.

- Оглас -

Најнови вести