Крај на една ера, од Лион си замина човекот кој 36 години беше негов претседател

Жан Мишел Ола веќе не е претседател на Лион. Ола од 1987 година беше прв човек на клубот и во овие 36 години ги имаа најголемите успеси во постоењето.

За време на претседателствувањето на Ола, кој сега ќе има функција на почесен претседател, Лион освои повеќе од 50 трофеи во машка и женска конкуренција и се етаблира како еден од најдобрите француски клубови во овој период.

Од 2002 до 2008 година Лион во Франција освои седум титули по ред, а имаше важна улога и во Европа.

- Оглас -

Најнови вести