Крај на една ера по речиси четири децении: НБА ја менува топката

Следната сезона во НБА-лигата ќе биде последна во која кошаркарите ќе играат со топката на „Спалдинг“. Долгогодишната соработка завршува по крајот на сезоната 2020/21, а двете страни се согласија таа да не се продолжи.

Така ќе ѝ дојде крајот на една ера која трае речиси четири децении, ако се знае дека „Спалдинг“ веќе 37 сезони е дел од семејството на НБА. Од 2021 година на паркетите на НБА ќе се тропка со баскет на фирмата „Вилсон“, а таа ќе се користи во ВНБА, како и во развојната Г лига на НБА.

- Оглас -

Најнови вести