Крај на (пре)богатата кариера – Ибрахимовиќ во недела го игра последниот меч

Златан Ибрахимовиќ во недела против Аталанта го игра својот последен меч во кариерата. Иако ваквата информација сè уште не е официјално потврдена, медиумите во Италија, особено популарниот „Скај спортс“ тврди дека средбата против Аталанта ќе биде последна во богатата кариера на Швеѓанецот.

Тој има огромни болки во левото колено и има забрана од тренерот Стефано Пиоли и лекарскиот тим да игра, но Златан очајно ја посакува титулата во Серија А и на секој начин се труди да им помогне на соиграчите.

Според новинарите на „Скај спортс“, тој има две опции, првата е да се повлече по крајот на оваа сезона, а втората е многу ризична, а таа е да направи операција на коленото за да игра уште една сезона.

Поради болките, Ибрахимовиќ одмара три дена од тренинзите. Негова желба е да остане да игра и следната сезона да се обиде да ја освои титулата, но мали се шансите да се случи такво нешто.

Четириесет и едногодишниот фудбалер професионалната кариера ја започна во Малме во 1999 година, додека најголема афирмација доживеа во Ајакс, а играше и за Јувентус, Интер, Барселона, Милан, Пари Сен Жермен, Лос Анџелес галакси, Манчестер јунајтед и на крајот повторно се врати во Милан.

- Оглас -

Најнови вести