Крај на сагата, Кјелини останува во Јувентус

Џорџо Кјелини ќе потпише нов договор со Јувентус и од понеделник ќе се приклучи на тренинзите на Старата дама. Самиот фудбалер и капитен на Јуве, кој наскоро ќе наполни 37 години, потврди дека останува во гигантот од Торино затоа што сакал да освојува трофеи.

„Имам потреба од одмор од уште неколку дена, да одморам од хаосот кој беше во минатиот месец, но в понеделник ќе бидам во Торино и се радувам што повторно почнувам. Сакам да кренам уште трофеи, гладот за пехари кај мене сега е уште поголем. Тоа што во следната сезона на дресот нема да го имаме симболот на Скудетото на градите ја прави мотивацијата уште поголема“, изјави дефанзивецот, кој официјално уште е без клуб откако на 30 јуни му истече стариот договор со Јуве.

Кјелини во 2005 година дојде во Јуве и одигра 535 меча за клубот.

- Оглас -

Најнови вести