Крај на сезоната, Ибраими испиша историја во првата лига

Со одигрувањето на 33-тото коло, заврши сезоната во првата македонска фудбалска лига, а најголем добитник е Струга Трим Лум, тим кој првпат ќе игра на европска сцена. Академија Пандев обезбеди опстанок.

Шкендија е шампион и оди во квалификациите за ЛШ, Шкупи и Струга или Македонија Ѓорче Петров ќе учествуваат во квалификациите за Конференциската лига, Ренова и Силекс ќе играат бараж за опстанок, додека во втора лига се селат Вардар и Беласица.

Бесарт Ибраими од Шкендија е прв стрелец во лигата и тој испиша историја со тоа што даде гол(ови) против сите екипи во прволигашкото друштво.

Резултати од 33-тото коло: Академија Пандев – Борец 3-1, Пелистер – Беласица 2-0, Ренова – Работнички 1-1, Шкендија – Шкупи 1-1, Силекс – Струга Трим Лум 0-1, Вардар – Македонија Ѓорче Петров 0-2.

Конечна табела: Шкендија 75 бода, Шкупи 59, Струга 57, Македонија Ѓ.П. 55, Работнички 48, Пелистер 45, А. Пандев 41, Борец 40, Силекс и Ренова по 36, Вардар 31, Беласица 17.

- Оглас -

Најнови вести